Колев: За жал, Тодор Александров и денеска не успеа да ја обедини штипската политичка елита, претставниците на власта не се тука

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
32308868_363326000853869_4210125723215593472_n

Изјава на претседателот на ГДУ, Петар Колев по повод 95 годишнината од смртта на Тодор Александров: 

— реклама —

„За жал, Тодор Александров и денеска не успеа да ја обедини штипската политичка елита, бидејќи и како што можете и сами да видите, претставниците на власта од СДСМ не се тука. Се надевам дека СДСМ ќе ги надминат комплексите од комунизмот и ќе почнат да ја гледаат историјата и минатото на овој славен град и славното Ново Село со реални очи и ќе ја прифатат големината и величината на Организацијата од периодот после Првата светска војна.

— реклама —

Со колегите од ГДУ, кои што во следниот состав и следниот мандат на Советот на Општина Штип ќе имаат можност да учествуваат во локалната самоуправа, разговаравме за тоа дека Тодор Александров заслужува да има улица која ќе го носи неговото име. Се надевм дека колегите од ВМРО-ДПМНЕ нема да бидат против, бидејќи ако сакале имаа три-четири мандати за да го направат тоа“, изјави претседателот на ГДУ, Петар Колев.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања