„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Колева: Буџетот за 2021 е фокусиран на капитални инвестици и справување со здравствените и економски последици од коронавирусот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
03-12-2020-Koleva

Предлог буџетот за 2021 година доставен од Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев е во насока на постигнување напредок во исклучително тешки моменти за глобална економија, со фокус на здравствениот систем, капиталните инвестиции, како и системска функционалност и поддршка на веќе започнатите реформи, истакна Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.

— реклама —

Колева додаде:

— реклама —

Доказ за тоа е расходната страна од Буџетот која обезбедува поддршка на здравствениот сектор, односно заштита на здравјето на граѓаните, економско заздравување и овозможување на следен економски раст, поддршка на самата економија и зачувување на работните места, како и непречено финансирање на основните функции на државата.

Со Буџетот за 2021 година, предвидуваме за 20 отсто повеќе средства за капитални инвестиции, за да придонесеме за поголем економски раст.

Инвестициите во јавното здравство, во човечкиот капитал продолжуваат. Следната година предвидено е зголемување на платите за 10 отсто за сите здравствени работници.

За два и пол пати ги зголемуваме капиталните инвестиции во образованието, за да обезбедиме унапредување на образованиот систем и подобри услови за одвивање на наставниот процес.

Со Буџетот за 2021 година стимулираме нови инвестиции, поддршка на веќепосточеки комапнии, како и помош за отворање на нови работни места со што ја поттикнуваме конкурентноста и влијаеме на намлување на стапката на невработеност.

Буџетот за 2021 година е во насока да одговори и на здравствените и на економските предизвици од коронакризата, но истовремено нуди можности за брз рестарт на македонската економија.

Со него се обезбедува стабилизација на домашната економија и отвора перспективи за брзо враќање на претходните стапки на раст на БДП.

Затоа е важно сите пратеници да го поддржат донесувањето на Буџетот за 2021 година за што побрзо да се надминат негативните последици од коронавирусот, истакна Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања