Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Колку чини билет за Марс?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
elon-mask

Преселувањето на Марс еден ден може да чини помалку од 100.000 долари, вели Илон Маск, а враќањето би можело да биде бесплатно, доколку не ви се допадне животот таму, објави Факултети.мк. Милијардерот, кој е основач на неколку компании, вклучувајќи ја и приватната вселенска компанија „Спејс екс“, се надева дека еден ден ќе ги однесе граѓаните на Црвената Планета, со надеж дека би можеле да живеат таму, објави факултети.мк.

— реклама —

Според него, патувањето ќе биде релативно евтино, иако делумно зависи од тоа колку луѓето навистина сакаат да одат. На прашање на „Твитер“ колку би чинело патувањето до Марс, тој изјави дека ќе биде толку евтино што многу луѓе лесно би се преселиле на Марс.

Многу зависи од обемот, но уверен сум дека преселувањето на Марс (повратниот билет е бесплатен) еден ден ќе чини помалку од 500.000 долари, а можеби дури и под 100.000 долари. Доволно ниско за повеќето луѓе од напредните економии да го продадат својот дом на Земјата и да се преселат на Марс, ако сакаат - напиша тој.

— реклама —

Текстот во целост на Факултети.мк

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања