Промени тема
Контакт
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

Колку имот и пари имаат кандидатите за лидери на СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
remenski-kovacevski-despotovski

Четири кандидати влегоа во трката за партиски лидер на СДСМ. Тројца од нив извршуваа и високи државни функции, па беа должни да поднесат анкетни листови до Државната комисија за спречување корупција. Од нив, може да се види дека Димитар Ковачевски, актуелен заменик-министер за финансии има најмногу имот кој во најголем дел се банкарски депозити. Најмалку имот пријавила експратеничката Фросина Ременски. Скоро колку и Ковачевски, имот пријавил Јован Деспотовски, директор на Дирекцијата на технолошко индустриски развојни зони.

Според анкетниот лист на Ковачевски од недвижности има три стана со паркинг простор. Поседува удели, акции, чека да му исплатат и дивиденди. Давал и заеми, но има и две кредитни картички.

— реклама —

Неговиот противкандидат Јован Деспотовски има повеќе недвижности од парични средства. Поседува деловен простор, згради во останато стопанство, две куќи, три стана. Од средства, поседува акции, чека побарување од наследство, но и по право на градба. Како и Ковачевски, така и Деспотовски има депозити од кои повеќето се на неговите деца. Тој исто така има долгови, кредит и лизинг.

— реклама —

Ако се суди според анкетниот лист кој го поднела како пратеничка, Фросина Ременски има намалку имот и пари споредено со претходните двајца кандидати за лидери. Според анкетниот лист, од личен имот, Ременски пријавила земјиште и куќа, но и два кредити кои истекувале во 2018 година.

— реклама —

Единствен кој не бил на државна функција, а со тоа не бил задолжен да поднесе анкетен лист е Властимир Алексовски, член и активист на СДСМ од општинската организација на партијата од Куманово. Тој е исто така кандидат за претседател на партијата, а што поседува, нема информации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања