Откако Џенифер Лопез неодамна се сврши со Бен Афлек, американските медиуми ја нарекоа „кралица на веридбите“, бидејќи ова ѝ е шеста свршувачка. Џенифер има и шест свршенички прстени, кои заедно вредат 14.4 милиони долари.
Првиот прстен што го доби Џенифер чинеше само 100.000 долари, а ѝ го подари нејзиниот прв маж, Ојани Ноа. Двојката се разведе по една година брак.
/attachment/1446452" rel="attachment wp-att-179575">
Во 2001 година Џенифер доби нов дијамант, од танчерот Крис Џејд. Овој прстен вредеше еден милион долари.
/attachment/1447103" rel="attachment wp-att-179576">
По разводот со Крис, Лопез почна да се гледа со Бен Афлек. Се свршија во 2002 година, а глумецот ја побара за жена со прстен вреден 2,5 милиони долари. Иако велеа дека се среќни, ја прекинаа свршувачката во 2004 година, непосредно пред свадбата и никогаш не се венчаа.
/attachment/1447344" rel="attachment wp-att-179577">
Откако раскина со Афлек, Џенифер се омажи за латино пејачот Марк Ентони, кој ја вери со прстен вреден 4 милиони долари. Во бракот кој траеше десет години, доби близнаци, син и ќерка. а кој траеше десет години.
/attachment/1448275" rel="attachment wp-att-179579">
По разводот, Џенифер се заљуби во некогашниот бејзбол играч Алекс Родригез. Врската траеше четири години, а Алекс ѝ подари прстен од 1,8 милиони долари кога ја побара за жена. На крајот, Лопез и Родригез ја раскинаа веридбата, а брзо потоа пејачката почна пак да се гледа со некогашниот дечко, Бен Афлек.
/attachment/1447591" rel="attachment wp-att-179578">
По една година љубов, Бен вторпат ја побара Џеј Ло за жена, овој пат со зелен дијамантски прстен кој го платил 5 милиони долари.