Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Командир од Гази Баба сексуално вознемирувал и се заканувал на полицајка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
policija-123

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со Секторот за внатрешни работи Скопје по добиено известување за сексуално вознемирување, ги изврши потребните проверки и изврши службени разговори со инволвираните лица во случајот при што констатираше дека лицето С.В (49) - командир на полициската станица од општа надлежност Гази Баба во текот на 2019 година во повеќе наврати, а последен пат на 07.11.2019 искористувајќи ја позицијата командир на полициска станица, сексуално вознемирувал полициска службеничка вработена во станицата со непристојни предлози кои на крајот резултирале со закана кон неа поради одбивање на предлозите.

— реклама —

При извршените контроли од страна на Одделот за внатрешна контрола, уште две други полициски службенички вработени во полициската станица Гази Баба пријавиле дека на ист начин биле вознемирувани од страна на командирот,но со оглед на времето поминато од случување на овие настани постои апсолутна застареност за донесување решение за изрекување дисциплинска мерка.

Воедно е констатирано дека на 30.05.2019 С.В командир на Гази Баба не постапил согласно планот за контрола на службите во ПСОН Гази Баба, а притоа не изготвил службена белешка во која ќе ги образложи причините поради кои не е постапено. Истиот ден командирот без да извести некој од претпоставените, со службено возило се упатил во с. Брњарци каде се задржал неколку часа.

— реклама —

Со овие дејствија С.В. командир на ПС Гази Баба сторил потешко кршење на работниот ред и дисциплина, согласно одредбите од член  208 ст. 1 точка 3,4,10 и 14 од Колективниот договор на МВР за што од страна на Одделот до Началникот на СВР Скопје е поведена иницијатива за поведување постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и отстранување од работното место до завршување на постапката. Истовремено до ОЈО за ГОКК е доставено барање за координација за натамошно постапување.

фото: Архива

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања