Комбе со мигранти предизвика тешка сообраќајка во Струмица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Kombe

Комбе со кочански таблички, управувано од возач од Кочани, во кое се превезувале поголем број мигранти, денеска во 11:50 часот предизвика тешка сообраќајка на крстосницата на улиците „Младинска“ и „Браќа Минкови“ во Струмица. Повредени се три лица.

— реклама —

– Тројца мигранти се донесени во болницата. Од нив, еден е со потешки, а двајцата со полесни повреди. Потешко повредениот се подготвува за влез во операциона сала, изјави за МИА, директорот на струмичката болница, д-р Наќе Гогов.

Според очевидци, комбето се движело со голема брзина и удрило во три возила, од кои две биле паркирани. По несреќата, дел од мигрантите побегнале од местото на сообраќајката.

— реклама —

Полицијата врши увид, а повеќе информации се најавуваат за подоцна.

фото: Сител

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања