Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Комбе за ученички превоз имало неисправни сопирачки, а се превезувале и двојно повеќе патници од дозволеното

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library0k48gsf1i2qo4wPssjy
Фото: ФБ / МВР

Полицијата при контрола кај Табановце откри сериозни неправилности кај комбе со кое се вршел организиран превоз на ученици. Во возилото биле превезувани 18 деца, иако според сообраќајната дозвола било дозволено да има најмногу девет лица.

— реклама —

Контролата била извршена на 25 септември во 07:20 часот на локалниот пат Куманово-Табановце, во село Табановце, од полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи.

— реклама —

Станувало збор за комбе со кумановски регистарски ознаки, сопственост на правен субјект од Куманово, наменето за јавен превоз на патници, односно организиран превоз на ученици. При контролата било утврдено дека возачот С. П. (49) од Куманово превезувал 10 деца повеќе од дозволениот број.

Дополнително, над возилото бил извршен вонреден технички преглед, при што стручни лица утврдиле неисправност на уредите за сопирање, односно проблеми со силата на сопирање на работната и помошната сопирачка.

— реклама —

Против правниот субјект, одговорното лице во правното лице и возачот се преземени соодветни мерки и тие ќе се соочат со законски предвидените санкции. Возилото е исклучено од сообраќај до отстранување на утврдените недостатоци.

Од полицијата апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел да се придонесе за поголема безбедност на патиштата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk5himr30995mdGsvcm8

13 лица приведени во пет градови, полицијата заплени марихуана, прашкасти материи и таблети

Македонија | пред 6 часа

— реклама —
izletal-od-pat

„Мерцедес“ излетал од автопатот кај Трубарево и завршил во двор на куќа, двајца тешко повредени

Скопје | пред 6 часа

pistol

Го оставил незаклучено товарното возило во Чаир, па му го украле пиштолот

Скопје | пред 6 часа

media-libraryidp924v7036ad0oOuSa

Го оставила кучето без надзор на улица, тоа каснало жена – кривична за 35-годишна кратовчанка

Македонија | пред 7 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања