Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Комеморација во ВМРО ДПМНЕ по повод трагичната смрт на Билјана Беличанец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
DSC_01-1

Денеска, 10.04.2019 година, во Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, беше одржана комеморација по повод трагичната смрт на Билјана Беличанец , актерка, политичар и поранешна градоначалничка на општина Кисела Вода од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

На комеморацијата свои проштални говори имаа претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателката на УЖ Благица  Ласовска, како и поранешната претседателка Даниела Рангелова, но нејзиниот колега од театарските штици Роберт Велјановски. Присутни беа голем дел нејзини колеги, соработници, членови на нејзиното семејство.

— реклама —

Во своето обраќање, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски преку цитатат на Шекспир ја опоша Беличанец, тој рече:

- Шескпир рекол „Не плашете се од големината: некои луѓе се раѓаат големи, некои стекнуваат големина, а на некои им доделена.“ Билјана беше дел од првата категорија на луѓе, тие кои се раѓаат големи. Таа беше предодредена да биде голема. И тоа не само во својата професија, туку и како човек, пријател, соработник. Професионалец. Поседуваше редок и раскошен талент, огромен човечки габарит. Во нејзе се судруваа контрастите на бесконечната насмевка, детската чистина, и огромната и нескротлива желба да ги направи луѓето околу себе среќни, задоволни, исполнети, дури и би рекол нештедејќи се себеси, жртвувајќи се за да измами насмевки, среќа, задоволство кај другите.

— реклама —

Мицкоски посочи дека Беличанец лавовски се борела и во општината, додека била градоначалничка на Кисела Вода, општина која имала големи проблеми, при што успеала да направи многу.

— реклама —

Драга моја Беличанец, во овие моменти ние ја продолжуваме битката за која ти говореше далеку пред времето. Потрагата по правдината, чесноста, мечтаењето, тагувањето и радувањето, кажа Мицкоски.

Тој го заврши  своето обраќање со повик за еден огромен аплауз наместо молк, затоа што како што рече остануваме да го славиме нејзиното дело и име.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања