Комеморацијата и во Драмски – колегите со простуваат со Беличанец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
dramski-komemoracija

Долгогодишни колеги, роднини и пријатели дојдоа денеска во Драмски театар на комеморацијата за актерката Билјана Беличанец Алексиќ, која почина во саботата вечерта, објави Фокус.

— реклама —

Режисерот Слободан Унковски, актерите Диме Илиев, Драган Спасов Дац, Игор Стојчевски, Благоја Човечки, Лазе Манасков се само дел од актерите кои дојдоа да и оддадат почит на Беличанец.

— реклама —

Билјана Беличанец (1973-2019) беше актерка во Драмскиот театар од 1997 година, а три години претходно работеше во Прилепскиот театар. Од дипломирањето на ФДУ во 1994 Беличанец имаше голем број театарски улоги и награди на фестивали.

— реклама —

Играше во претставите: „Заводникот од западниот свет“; „Свадбата на Фигаро“; „Кандид во земјата на чудата“; „Тетовирани души“; „Три сестри“; „Домот на Бернарда Алба“; „Демонот од Дебар Маало“; „Кинегонда во Карлаленд“; „Грев или шприцер“; „Последните Македонци“; „Љубовници“…, како и во филмовите „Мајки“ и „Од денес до утре“. Беше дел од ТВ-проектот „Здраво генијалци“, а во последните години го позајмуваше гласот за ликови во турски ТВ-серии.

— реклама —

Беличанец беше добитник на бројни награди за најдобро актерско остварување.

Денеска е ден на жалост во општина Кисела Вода, каде Беличанец беше градоначалничка од 2013 до 2017.

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања