Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Комеморативна церемонија по повод Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
holokaust-35wp6ih7sodi3juq0cpx4w

Утре, (понеделник, 28 јануари 2019 год.), во 18:30ч, во Македонската филхармонија, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров и амбасадорката на Сојузна Република Австрија во Република Македонија, Ренате Коблер, ќе бидат домаќини на комеморативна церемонија по повод 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот.

На церемонијата, покрај министерот Никола Димитров, обраќања ќе имаат и претседателката на Еврејската заедница во Република Македонија, Берта Романо-Николиќ, амбасадорот во Министерството за надворешни работи на Австрија и специјален претставник на Австрија во Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот (ИХРА), Томас Мајкл Бајер и амбасадорот на Италија во Република Македонија, во име на тековното италијанско претседателство со ИХРА, Карло Ромео. По официјалниот дел, ќе следи концерт на дуото Тимна Брауеr & Елиас Меири (клавир и гитара) од Виена, со изведба на еврејски песни.

— реклама —

Република Македонија традиционално го одбележува Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот. Оваа година, на иницијатива на австриската амбасада во Скопје, комеморативната церемонија се организира заеднички и ќе биде збогатена со гости од Виена.

— реклама —

 

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања