Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Комисија за однос со верски заедници и религиозни групи: Не сме вмешани во превирањата во ИВЗ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
komisija

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи во денешното соопштение демантира каква било нивна вмешаност во последните случувања и превирања во Исламската верска заедница (ИВЗ).

— реклама —

Од Комисијата посочуваат дека при настапот пред медиумите сношти, по одржана вонредна седница на ријасетот на ИВЗ, Сулејман Реџепи во дел од својата изјава го обвини директорот на Комисијата за односи со верските заедници, Даријан Сотировски дека е вмешан во последните случувања во Исламската верска заедница. Обвинувања и навреди, како што велат оттаму, беа упатени и за заменик директорот на Комисијата, Зеко Абази.

-Иако на целата јавност и е позната некредибилноста, неоснованоста и невистинитоста на ваквите наводи, поради длабока и искрена почит кон граѓаните со муслиманска вероисповед сакаме да упатиме остар демант и јасна порака дека Комисијата за односи со верските заедници, ниту нејзиното раководство на ниту еден начин не е вмешана во последните случувања и превирања во ИВЗ. Задржувајќи го личното и институционалното реноме на високо ниво нема воопшто да се впуштаме во понатамошна комуникација со лични дискредитации и инсинуации. Ова беше непримерен чекор за изнесување клевета, се вели во соопштението.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања