Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ:Итно да се преземат мерки во насока на поголема заштита на здравјето на граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Slika-4

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ денеска вонредно заседаваше со оглед на новонастанатата состојба во врска со корона вирусот и бројката на новоинфицирани во последното деноноќие од 89 лица и седум починати во истото, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Комисијата заклучи дека ситуацијата во Македонија е алармантна и Македонија го доживува вториот пик.

— реклама —

Со оглед на големата бројка на новозаразени во едно деноноќие, Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ смета дека Министерството за здравство нема никаква контрола врз ситуацијата со корона вирусот. Во контекст на ова Комисијата смета дека воопшто не се познати кластерите како што велат надлежните.

Комисијата заклучи дека мора итно да се преземат мерки  во насока на поголема заштита на здравјето на граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања