Комисијата за верски заедници не се меша во обредите на Кајшаров, слободно може да истерува демони

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
kajsarov-750x424-1-640x362-1

Комисијата за односи со верските заедници предочува на јавноста дека во демократски уставно-правен систем каков што е и тежнее да биде македонскиот, слободата на вероисповед и манифестации на својата вера е неприкосновено право на секој граѓанин, исто како што е неприкосновена и гарантирана полната слобода секој граѓанин да одлучи дали ќе биде дел од одредени манифестации на вера, ритуали и обреди.

— реклама —

„Доколку било кој граѓанин бил доведен во заблуда, измамен или принуден против својата волја има право на судска заштита на своите права. Граѓанин кој има сознание пак дека некое лице извршило кривично дело или друг деликт е повикан истото да го пријави. Секој човек има обврска и можност да размисли, но и право по сопствена совест да одлучи кому и дали ќе положи верба.

— реклама —

Комисијата ја известува јавноста дека во непосреден контакт со правното лице Доброволна заедница на физички лица христијанска црква „Блага вест“ регистриран верски субјкет во Единствениот судски регистар под број РСВЗРГ-1/16, утврди дека лицето Константин Кајшаров кој самостојно ја информира јавноста за неговите активности кои ги дефинира како исцелување, ослободување од демони, проклетства и маѓии и за кои споделува видео прикази е одговорно лице, претседател и верско лице на Доброволната заедница на физички лица христијанска црква „Блага вест“ и како таков ги презема своите активности.

— реклама —

Комисијата стои цврсто на ставот дека предрасудите не се мерило за пропустите против законот, а сериозно разгледувајќи го делувањето на субјектот укажува на Христијанската црква „Блага вест“ и до нејзиното одговорно лице Константин Кајшаров особено да внимава во односите со јавноста да не се создава сензационализам од манифестациите на верата и со зголемено внимание да се почитува интегритетот и достоинството на луѓето кои одлучиле да бидат дел од неговите обреди и ритуали, како и при делувањето, најавата на активности и нивната реализација да стави јасно до знаење на луѓето дека истите ги организира Христијанската црква „Блага вест“, со цел намалување на можностите луѓето да направат превид и да западнат во заблуда“, се вели во соопштението од комисијата за односи со верските заедници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања