Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Комисијата за заштита од дискриминација ќе одлучува дали ќе го тужи МОН

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


На денешната седница на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Весна Бендевска, член на КСЗД ќе извести за неисполнетата препорака и ќе се одлучува за евентуална судска тужба за случај од јавен интерес односно за системска и продолжена дискриминација на учениците.

— реклама —


Тоа би било прв случај КСЗД да побара судска заштита како највисока заштита од дискриминација.


— реклама —

– Кога една препорака не е спроведена, Комисијата има обврска да покрене прекршочна пријава против утврдениот дискриминатор. Но, во овој случај станува збор за дискриминација на многу голема популација. Голем број ученици кои учат на различни јазици во основното образование остануваат без учебникот како основно средство за стекнување знаења и образување. Таквата форма на дискриминација, според законот, е структурна, системска, што ја прават институциите. Во таков случај Комисијата, согласно законот, има право да поведе пред суд тужба од јавен интерес против државните институции кои не ја отстраниле дискриминацијата, истакна Бендевска.


Од 126 учебници потребни за сите задолжителни и изборни предмети во деветгодишното основно образование, на почетокот на учебната 2023/2024 година Министерството за образование и наука не обезбедило 43, односно недостигаат 34 отсто учебници.

— реклама —

По сите наставни предмети и на сите наставни јазици учебници ќе имаат само учениците во прво и второ одделение, соопшти вчера Комисијата за спречување и заштита од дискриминација врз основа на списокот со податоци што на нејзино барање бил доставен од МОН.


По минатогодишното доцнење на учебниците и констатацијата од КСЗД дека е направена продолжена дискриминација врз учениците, Комисијата во јуни годинава упати препорака до МОН да обезбеди учебници по сите наставни предмети и на сите наставни јазици најдоцна до 31 август и да достави писмен извештај.


Според извештајот што бил пратен од МОН, една третина од учебниците и оваа година не се обезбедени. Како што рече Весна Бендевска, член на КСЗД, утврдиле дека МОН не ја отстранило повредата на правото на еднаков пристап до квалитетно образование на поголема популација ученици од основното образование во зададениот рок (31 август), што било негова законска обврска.

— реклама —

Ги напомна меѓународните конвенции за право на образование, како и дека е тоа загарантирано со нашиот Устав, но со оглед дека КСЗД има надлежност да укажува, решение за неспроведената препорака, рече, е судската заштита од дискриминација.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања