Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Комисиската расправа по измените во Изборниот законик не се одржа, не биле преведени над 4000 амандмани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
kiracoski

Амандманската расправа за една изборна единица, откажана. Претседателот на Комисијата, Александар Кирацовски,кажа дека амандманската расправа не може да почне, бидејќи не се преведени сите амандмани поднесени на Предлог-законот.

— реклама —

Вели дека од 6000 амандамни не биле преведени речиси 4000 и не биле поставени на електронскиот систем на собранието, но за да не се губело време преку јавна расправа тие ќе ги убедувале ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да ги повлечат амандамните.

„Се надевам дека на оваа јавна расправа ќе дојдат и пратениците од ДУИ и од ВМРО-ДПМНЕ и ќе имаме конструктивна дебата и можност самите да се уверат од потребата за носење на овие законски решенија. Постои простор низ разговор да проработи свеста кај нив и да ги повлечат амандманите“, додаде Кирацовски.

— реклама —

Во меѓувреме кажа дека на 25 декември ќе закаже јавна расправа за менување на Изборниот законик со цел, како што кажа, да се презентираат аргументите и да се разубедат они што се против.

Кирацовски оцени дека целта на подносителите на илјадниците амандмани е да го блокираат целиот процес.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања