Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Комитите со емотивна порака по повод роденденот на убиениот Саздо

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
48391254_1970459209675021_5549171203257663488_o

Навивачката група Комити на својата Фејсбук страница објави емотивна порака по повод роденденот на убиениот Саздо:

„Вечерва сите погледнете кон звездите, покрај совршениот распоред на соѕвездијата ќе забележите и смог… Не оној кој го намалува видикот поради загадувањето, маглата или снежните врнежи, туку чадна завеса создадена од самите звезди… И небесните тела негодуваат што еден млад живот згасна и го испративме да талка низ просторот и вечноста.. Талка затоа што нема мир, затоа што сеуште не знае зошто е таму наместо да биде покрај нас, покрај најблиските…

— реклама —

Денес наздравуваме во твоја чест Саздо, на овој ден ќе наполнеше 22 години! Наздравуваме во твоето име и слава, наздравуваме со тешки срца и со главите надолу, затоа што Правда се уште нема, сеуште не е ниту на повидок разрешницата, па така и немирот во нашите срца сеуште владее, не разјадува одвнатре… 

Наздравуваме со црвено вино, а вкусот е горчлив… Горчлив како неправдата, горчлив како солзите кои ги вкусуваме кои ни создаваат бес кој не се трпи… 

— реклама —

МВР, Јавно Обвинителство дали се слушаме?“, стои во објавата на Фејсбук.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања