Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Kомпанија за надзор на градба на коридорите 8 и 10, која еднаш ја оценија за криминална, владата ја одбра за надзор на проект вреден 2 милијарди евра, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
avtopat

На криминалите и шемите на дуото Ковачевски-Груби им нема крај, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Во постапката за изградба на автопати во Македонија, коридорот 8 и коридорот 10, бизниси кои вредат 22 милиони евра добиваат фирми, кои само пред неколку години имале забрана, поради неетичко и незаконско постапување.

— реклама —

Шпанската фирма ЕПТИСА, која заедно со уште две македонски фирми е избрана како најповолен понудувач, од која едната е Електра солушн, каде потписник е Андон Ампов, син на Сотир Ампов, кој беше сопственик во една од фирмите дел од Конзорциумот на ИГХ, првично избрани за вршење на работата, но пропадна работата откако овој конзорциум не успеа да ја обезбеди банкарската гаранција. После овој момент Артан Груби изјавува дека тоа е добро, бидејќи наводно фирмата водела до руски пари.

— реклама —

Сега во Конзорциумот кој ја добива работата ја нема велешката фирма на таткото Ампов, но присутна е фирмата на синот. Голема е веројатноста дека преку фирмите на поврзани лица, составен дел од двата конзорциуми, трагите водат до врвот на политиката во Македонија.

— реклама —

ЈО мора да престане да ги штити криминалите на власта и под итно да отвори постапка. Не може да се дозволи проект за изградба на два патни коридори за кои треба да се потрошат над 1 милијарда евра да помине под сомнение за криминал“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања