Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Компанијата која печати пари за 140 држави е пред банкрот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
pari-pecati

Англиската компанија Де Ла Руе, кој печати пари за вкупно 140 земји во светот, соопшти дека е на раб на колапс. Раководството на компанијата потврди дека активирала план за санација на работењето кој не ги дава очекуваните резултати.

Компанијата, со околу 2.500 вработени, печати пари за 140 централни банки низ целиот свет, вклучувајќи ја и Британската централна банка (БоЕ).

— реклама —

Во последните шест месеци компанијата имала загуба од 9,2 милиони фунти (10,7 милиони евра), а долгот на компанијата во втората половина од годинава се зголеми на 170,7 милиони фунти (199 милиони евра).

— реклама —

По соопштението, акциите на Де Ла Руе на берзите изгубиле 20,6 проценти од вредноста.

Де Ла Руе почнала да печати банкноти уште во 1860 година, кога тоа го правела само за Мавританија, а една третина од парите кои моментално се во оптек во светот, излегуваат од печатачите на компанија.

— реклама —

Фирмата печати и пасоши за 40 држави.

фото: The East African

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања