Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Комплетно реновирано Одделението за трауматологија на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarye1rvnebmta377YdPD5l

Комплетно реновираното Одделение за трауматологија на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ денеска беше пуштено во употреба, во присуство на министерот за здравство Сашо Клековски и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

— реклама —

При посетата, министерот Клековски истакна дека, покрај разговорите за изградба на нови клинички болници, неопходно е да се инвестира и во постојните здравствени установи.

— реклама —

„Посебно ми е драго што сме тука, бидејќи додека траат разговорите за нови клинички болници не смееме да заборавиме на постојните. Оваа зграда на хируршката клиника датира одамна, и драго ми е што директорот го заврши овој дел, особено што оваа установа е позната како прва станица за трауматолошки повреди и претставува важен хируршки центар во градот“, изјави Клековски.

— реклама —

Директорот на Клиниката, д-р Небојша Настов, информираше дека Одделението за трауматологија располага со 26 болнички кревети, а на годишно ниво во него се изведуваат околу 1.100 оперативни зафати, кои ги реализираат девет хирурзи-трауматолози.

— реклама —

Во рамки на реконструкцијата, одделението е целосно обновено со нови болнички кревети, нова електрична и водоводна инсталација, реконструирани санитарни јазли и нови врати, изработени според стандардите за спречување на ширење инфекции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања