Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Концерт на јапонско-хрватскиот уметник Томохиро Адачи во Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Магазин

Во организација на Националната установа „Охридско лето“, в сабота, на 14 септември, во црквата „Света Софија“ во Охрид, со почеток во 20 часот, концерт ќе одржи јапонско-хрватскиот пијанист Томохиро Адачи.

Томохиро Адачи дипломира на Академијата за музичка уметност на Универзитетот во Загреб, Хрватска, во 2007 година. Иако е млад уметник, зад него стои богата интернационална кариера во Европа, Австралија, но и во Источна Азија. Добитник е на многу награди на Интернационалниот музички натпревар „СЕИЛЕР“, на Меѓународниот музички натпревар „Јоханес Брамс“, на Интернационалниот натпревар за пијано „Камило Тоги“, на Меѓународниот натпревар за пијано „Антон Рубинштајн“, на Рома меѓународниот натпревар за пијано“ …

— реклама —

Адачи е основач на јапонско-хрватското музичко друштво во Токио и негов претседател, притоа, организирајќи  бројни концерти со врвни музичари од цела Јапонија и странство, секогаш со една цел, воведување на  хрватските мелодии и хрватската култура во Јапонија.

Како врвен музичар, и самиот тој изведува мелодии на хрватските композитори Дора Пејачевиќ, Божидар Кунц, Борис Папандопуло, Иво Јосиповиќ, Франко Параќ и други.

— реклама —

Од НУ „Охридско лето“ велат  дека  и годинава продолжува практиката, концерти на класична музика да се одржуваат не само во стандардниот фестивалски термин, од 12 јули до 20 август, туку и во текот на целата година, со цел, да се збогати културната понуда во градот и државата, но и да се презентираат исклучително добри уметници од светот на класичната музика.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања