Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Концерт на „Танец“ во Пробиштип

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
Tanec-1-1

Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ денеска (30 март) во 20 часот ќе одржи концерт во Домот на културата во Пробиштип. Овој концерт е дел од серијата концерти „Изворни минијатури“.

– Низ овој концертен циклус, публиката ќе може да ги препознае изворните бисери кои со години ги слушала во рамките на антологиските кореографии на „Танец“, а тоа се ората како Адана, Тоска, Петрунино, Глувонемо, Трченица, Ситна Лиса, но оние фолклорни добра што нѐ мапираа на светската карта на нематеријално културно наследство на УНЕСКО, нашето пијанечко оро Копачка и типичното машко двогласно пеење од Долни Полог – информираат од „Танец“.

— реклама —

Од оваа национална установа додаваат дека проектот „Изворни минијатури“ е замислен како сценско-едукативен карван низ неколку градови во земјава, со кој Ансамблот се враќа кон изворите, односно кон никулците од кои ’рти репертоарот на Ансамблот „Танец“.

– Ова концертно потсетување на најстарите слоеви од македонскиот музички и музичко-сценски фолклор ќе биде изведено од соодветена традиционална изведувачка формација, составена од врвните игроорци и музичари на македонски изворни инструменти од редот на вработените во НУ „Танец“ – истакнуваат од „Танец“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања