Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Концерт на Тom Odell во Скопје oваа среда во МКЦ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
tom-odell

Музичката сензација на новата генерација, вонсериски талентираниот и наградуван британски кантавтор Tom Odell кој во моментов е на светска турнеја на која го промовира својот трет студиски албум „Jubilee road“, ќе го видиме за прв пат во живо и во Скопје, оваа среда во МКЦ.

— реклама —

Tom Odell вниманието на јавноста го сврте уште со неговиот прв албум „Long Way Down“ во 2013 година. Lilly Allen го спореди со David Bowie, додека Taylor Swift изјави дека е негов голем фан. Следната, 2014 година година Tom Odell добива и награди за авторско достигнување, меѓу кои и BRIT, Critic Choice, но сепак најголемата награда за неговата работа стигнува од публиката- повеќе од успешни настапи на некои од најголемите светски фестивали: Glastonbury, Coachella, T In The Park, Sziget, Exit, како и распродадени шоуа ширум светот, што се потврда дека и со сите негови песни успева да допре до публиката и дека е на вистинскиот пат да стане голема музичка ѕвезда!

— реклама —

Промоцијата на третиот албум „Jubilee road“ кој излезе во октомври минатата година, ја почна со објавување на синглот „If you wanna love somebody“, а потоа следеше и со видеозапис за истиот, а на одлична реакција наиде и песната „Half as good as you“, која ја сними со својата долгогодишна пријателка и соработничка, популарната Alice Merton.

— реклама —

Неодамна објави и уште еден видео спот, со кој публиката ја запозна со новиот албум „Jubilee road“. Станува збор за песната „You are gonna break my heart tonight“.

— реклама —

По распродадените концерти во Северна Америка и Канада, Tom Odell се врати во Европа, каде прва станица му беше Глазгов, а потоа следеа два распродадени концерти во Белфаст и Даблин. Во почетокот на ноември минатата година, после вкупно 12 конецрти во Англија, турнејата се пресели во Германија и во останатите земји низ Европа, како Франција, Полска, Чешка, Белгија, Литванија, Латвија, Финска, Русија, Украина, Словенија, Хрватска, Србија, Унгарија, Бугарија, Романија, Македонија и Турција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања