Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Концерт на Хосе Карерас и македонските музички ѕвезди во Скопје по повод 35 години независност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 13 часа -

Македонија
media-librarympto6aktqj8o77xhTna

„Авалон продукција“ соопшти дека еден од најпознатите светски тенори, Хосе Карерас, ќе настапи во Скопје на 1 септември, како дел од програмата за одбележување 35 години независност на Македонија.

Големиот музички настан ќе се одржи на Плоштад Македонија и ќе биде бесплатен и отворен за сите граѓани.

— реклама —

Покрај Карерас, на сцената ќе настапат и Влатко Стефановски, Каролина Гочева, Калиопи, Ана Дурловски, Игор Дурловски, Наум Петрески и Сузана Спасовска, во придружба на Македонската филхармонија.

— реклама —

Концертот ќе биде поделен во два музички сегменти. Во првиот дел ќе настапат македонските музички ѕвезди заедно со повеќе од 60 музичари од Македонската филхармонија, под диригентската палка на Сашо Татарчевски, со специјални оркестрации и аранжмани подготвени од маестро Николче Мицевски.

— реклама —

Вториот дел од вечерта ќе му припадне на Хосе Карерас, кој ќе настапи со својот светски репертоар заедно со Македонската филхармонија, предводена од неговиот долгогодишен диригент Давид Хименес.

Организаторите најавуваат и специјални музички спојувања меѓу македонските изведувачи и светскиот тенор, кои ќе останат изненадување за публиката.

Настанот е втор голем музички спектакл во рамки на јубилејната програма, по најавата за настапот на Дејвид Гета со „Monolith Stadium Show“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања