Деветкатница го замени зеленилото кај Мајчин дом во Аеродром и покрај протестите и противењето на жителите, а деловен простор од 312 квадрати на нејзиното приземје го носи името на поранешниот градоначалник на општината, Ивица Коневски за чие владеење беше променет ДУП-от со кој на локацијата се впиша градежната маркица. Но, Коневски деловниот простор вреден стотици илјади евра ќе го исплати преку закуп, а не од свој џеб, објави slobodnaevropa.mk.
Договорот за купопродажба Коневски со фирмата инвеститор ЗСФ КОМ го потпишал пред некој месец, иако преддоговорот бил запечатен во март 2019 година. Во меѓувреме зградата го доби својот лик, а на 21 декември, минатата година и официјално името на Коневски е запишано на имотниот лист.
Цената на деловниот простор од 312 квадратни метри, според договорот до кој дојде РСЕ, изнесува 27.256.313 денари или речиси 442 илјади евра со ДДВ. Додека пак метар квадратен со ДДВ е 1416 евра.
Но, оваа сума сепак нема да ја плати Коневски, туку наместо него тоа ќе го стори Тинекс, кој го закупил просторот на 12 години. Девет дена пред Коневски и сопственикот на фирмата ЗСФ КОМ, Фатмир Етеми да стават потпис на договорот за купопродажба, бил договорен закупот на деловниот простор. Истиот ден е отворен и новиот Супер Тинекс во зградата со 248 станови со поглед на булеварот Јане Сандански.
Закупот е заведен и во имотниот лист, а тоа го потврдува и самиот Коневски, кој вели дека деловниот простор 12 години нема да може да го користи ниту да располага се додека не се исплатат средствата од закупнина за тој период.
Текстот во целост на: slobodnaevropa.mk.
фото: slobodnaevropa.mk.