Неправдата никогаш нема да стане правда, без разлика на позицијата што во моментов ја имаат сите оние кои преку прогонот на Гордана Јанкулоска се обидуваат да испратат порака дека се семоќни, напиша на својот ФБ профил Ивица Коневски.
Тој во својата објава додава:
Ние што сме работеле со Горде знаеме каков човек е таа. Колку и да ја валкаат и малтретираат тоа нема да го смени нашето мислење за неа.
Горде е чесна, професионална и достоинствена. Таа направи за МВР повеќе отколку сите министри пред неа и по неа, заедно. Горде е голем човек, пријател, а и неверојатна мајка и сопруга.
Срамен е начинот на кој сега власта се пресметува со неа, а сите знаеме дека во набавката на блиндираниот мерцедес немаше криминал. Мерцедесот уште е во Владата и се користи за транспорт на високи гости, напиша Коневски на ФБ.
https://www.facebook.com/IvicaKonevski/photos/a.179288318855433/3234046100046291/