Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска се обрати на отворањето на 14. ПИКАРД конференција на Светската царинска организација, во присуство на околу 200 лица од повеќе од 80 земји, царински експерти, професори, консултанти.
На конференцијата, организирана од Царинската управа на РСМ, се обратија генералниот секретар на Светската царинска организација,КуниоМикурија, генералната директорка на Институтот за царински и гранични контроли на Царината на Кореа, Ана Чо, и директорот Царинската управа, Ѓоко Танасоски, во својство на домаќин.

„Република Северна Македонија целосно ја прифати економската интеграција на земјите од регионот, на европскиот континент и на светско ниво. Ние имаме јасна определба: Македонската Влада одлучи да се движи напред во соработка со соседите и со сите земји; ги прифати придобивките од слободната трговија; и, наместо преземање контрола, Владата на Северна Македонија го потврдува ставот дека меѓународната инклузивност е многу посилна отколку стоењето настрана. Меѓународната трговија е средство, а не цел. Таа е средство за создавање и зголемување на додадената вредност, подобрување на животниот стандард и создавање на нови и подобри работни места. Вистинскиот тест за било која владина трговска политика е влијанието што таа го има врз животот на граѓаните и во таа насока гледам два важни предизвици, во кои со гордост кажувам дека нашата Владае вклучена. Првиот предизвик е силната инфраструктура – добри патишта, железници, воздушни врски и дигиталната поврзаност, како и така наречената мека инфраструктура –тоа се политиките, алатките и информациите#, истакна меѓу другото премиерот и додаде:

„Владата на Република Северна Македонија и Царинската управа се целосно посветени на имплементација на конвенциите, инструментите и алатките на Светската царинска организација. Процесот на дигитализација на Царинската управа и на царинското работење треба значително да придонесат за развој на надворешно трговското опкружување. Дигитална и без-хартиена царинска околина, значи дека од 1 јули оваа година се исфрлени царинските декларации, а од 1 јануари 2020 година целосно извозно работење треба да се одвива без хартија. Тоа треба значително да го поевтини и да го поедностави извозот на стоки. Истовремено, со воведувањето на заедничките гранични контроли ONE STOP SHOP, на граничните премини Табановце со Србија, и наскоро на Ќафасан со Албанија, треба да придонесат за уште поголемо интегрирање на нашата економија во глобалните синџири на снабдување“м истакна Заев.