„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Конференција во НБРМ за поефикасна борба против фалсификување евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
evro

Во Народната банка на Република Македонија денеска ќе се одржи Конференција за означување на почетокот на проектот „Јакнење на капацитетите на системот за борба против фалсификување евра“, финансиран од Европската Унија (ЕУ).

— реклама —

Проектот ќе трае осум месеци и буџетот за него изнесува 250.000 евра. Ќе го спроведуваат Министерството за внатрешни работи, Народната банка и Дојче Бундесбанк, со поддршка од експерти од хрватската, австриската и од Европската централна банка.

На Конференцијата предвидено е обраќање на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вицегувернерката на НБРМ, Емилија Нацевска, шефот на Делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар и амбасадорот на Сојузна Република Германија, Томас Герберих.

— реклама —

Како што информираат од ИПА одделението Оддел за Европска Унија, целта на овој Твининг лајт проект на ЕУ е да се поддржи воспоставувањето цврст и ефикасен систем за заштита на националните финансиски интереси и на финансиските интереси на ЕУ, преку ефикасно следење на фалсификувањето евра.

Тој опфаќа анализа на функционирањето на системот за борба против фалсификување банкноти и монети, утврдување на неговите недостатоци и препораки за негово подобрување. Проектот придонесува за зајакнување на соработката со сите релевантни домашни и странски институции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања