Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Конференција за донирање вишоци храна во Скопје Мериот хотел

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Најголемите 50 компании во Република Северна Македонија утре ќе имаат можност да присуствуваат на Конференција за донирање вишок на храна која во организација на „Сите сити“ ќе се одржи во Скопје Мериот хотел. На 19 јуни во 11 часот присутните претставници на најголемите компании ќе можат да ги слушнат предлозите и општествените придобивки од донирањето храна за целокупното општество.

Настанот ќе го отвори Блаже Јосифовски, претседател на „Сите сити“ кој ќе даде видување за состојбата во државата и за тоа како може големите компании да помогнат во намалување на проблемот со гладот и преголемото фрлање храна. На настанот ќе присуствуваат и ќе имаат излагање и Претседателот на Владата на РСМ, Зоран Заев, Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, директорот на Фонд за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски како и претставници на бизнис секторот.

— реклама —

Скопје Мериот хотел како општествено одговорна компанија, секогаш ги подржува настаните од хуманитарен карактер. И овој пат тимот на Скопје Мериот хотел излезе пресрет и на организаторите на оваа донаторска конференција им ги отвори вратите на хотелот и го помогна организирањето на настанот со овозможување бесплатна конференциска сала, техничка опрема и кафе пауза.

— реклама —

Скопје Мериот хотел верува во успешноста на ваков тип проекти и поддржувајќи ја конференцијата, заедно со компаниите учеснички, се обидува да ја подобри состојбата на граѓаните на кои помошта им е најмногу потребна.

— реклама —

Хуманоста не застанува тука, Скопје Мериот хотел продолжува со своите хуманитарни проекти!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања