Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Конференција за родова еднаквост и јакнење на положбата на жените во Тетово во рамки на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


Во рамки на претседавањето на Република Северна Македонија со ОБСЕ, денес и утре, во Тетово, ќе се одржи првата Конференција на ОБСЕ за родова еднаквост и зајакнување на улогата на жените, под наше водство и иницијатива како претседавачи.

— реклама —


Конференцијата ќе се одржи во просториите на Универзитетот на ЈИЕ и Хотел Меркур во Тетово, додека официјалниот дел, кој ќе започне во 15:00 часот, ќе го отвори министерот за надворешни работи и претседавач на ОБСЕ, Бујар Османи. Воедно, свои обраќања ќе имаат и генералниот секретар на ОБСЕ, Хелга Шмид, претседателот на Парламентарното Собрание на ОБСЕ и сите шефови на автономните институции на ОБСЕ, извести Министерството за надворешни работи.

— реклама —


— реклама —

По официјалниот дел од конференцијата, ќе следи заедничка прес конференција на Османи и Шмид, која ќе започне во 16:15 часот


Дводневниот настан, предвидува три работни сесии и четири пропратни панели на кои официјални владини претставници, официјални претставници во рамки на ОБСЕ, значајни професори, истражувачи и познавачи на материјата ќе разменат мислења за особено важни теми како жени, мир и безбедност: зајакнување на женското учество и лидерство; поврзаноста на родот и корупцијата и ублажување на ефектите од корупцијата врз жените; родовата еднаквост во политичкиот живот, успешните практики од теренот за родовите прашања, каде што голем придонес имаат мисиите на ОБСЕ и слично, соопшти МНР.

— реклама —

Оваа Конференција се надоврзува на Конференцијата „Жените во надворешната политика“, иницијатива на Министерството за надворешни работи, која започна да се одржува во 2021 година, со цел да се зајакне улогата на жената во надворешната политика и да се подигне гласот за родова еднаквост.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања