Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Конгрес на нуркачи во Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

ОО
jamandiev

Денеска во Охрид започна дводневниот Македонски Нуркачки Конгрес со меѓународно учество што се одржува втора година по ред. Годинешната средба е посветена на прерано починатиот нуркач Благоја Бежаноски. На отворањето пред присутните се обрати советникот Јамандиев:

— реклама —

– Дозволете да го изразам моето огромно задоволство што денес во Охрид се одржува Вториот Македонски нуркачки конгрес на кој се разменуваат искуства, предизвици, очекувања или разочарувања на нуркачите. За поздравување е одлуката со која што годинашната средба ја посветувате на прерано починатиот македонски нуркач Благоја Бежаноски. Секако радува и фактот што настанот полека но сигурно добива традиционален карактер и зазема место на зимската туристичка разгледница во Охрид. Секоја алка во синџирот си има свое место и значење. А вашето почитувани нуркачи е огромно затоа што без вас не би имале претстава ни сознанија што се случува на дното на нашето Охридско Езеро и останатите две природни езера во државава. Иако несакани, без вас не би се откривале причините за водените несреќи и не би се спасувале човечки животи, а езерата би биле полни со отпад и друг непотребен материјал.Ви посакам успешен работен дел на овој собир. Заедничките ставови и заклучоци нека ви го олеснат понатамошното подводно истражување. Секако во слободниот дел од денов ви предлагам да прошетате низ убавиот Охрид, кој периодов е во празнично руво. Уживајте на охридската ривиера. Прошетајте низ старото градско јадро посетете еден од многубројните манастири. Влезете во куќата на Робевци и таа на Уранија. Неколку века пред нас ќе се вратите посетувајќи го Античкиот театар , Самуиловата тврдина или наколната населба кај Градиште.

— реклама —

Секако посетете и некој од локалите на Ривиерава кои нудат вкусни охридски специјалитети и добра забава.

До наредна средба ви посакувам добро здравје и желба да се сретнуваме само за убави поводи– рече советникор Јамандиев.

— реклама —

На Конгресот свои излагања имаа нуркачката Симона Трпкоска за нејзиниот подвиг нуркање на 127 м, претседателот на Сојузот за подводни активности на Македонија, Периклија Бешка и Никола Исаилоски. Пред присутните се обратија нуркачи од МВР и АРМ.

— реклама —

Конгресот завршува утре.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања