Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

По пет години, Конор Мекгрегор се враќа во UFC

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Спорт
media-libraryint9nklke232753k30H

Конор Мекгрегор конечно се враќа во октагонот. Ирецот на 11 јули во Лас Вегас ќе се бори против Макс Холовеј на настанот UFC 329, што ќе биде негов прв меч по 2021 година.

Мекгрегор последен пат се бореше против Дастин Поарие, кога доживеа тешка скршеница на ногата. Неговиот камбек беше најавен и минатата година против Мајкл Чендлер, но борбата беше откажана поради повреда на палецот на ногата.

— реклама —

Сега го очекува реванш со Холовеј, кого го победи уште во 2013 година со едногласна одлука на судиите.

— реклама —

За Мекгрегор ова нема да биде лесен предизвик, бидејќи Холовеј во последните години постојано е во врвот на UFC. Ирецот зад себе има турбулентен период исполнет со повреди, суспензија поради прекршување на антидопинг правилата и повеќе контроверзии надвор од спортот.

Минатата година тој прифати 18-месечна суспензија поради пропуштени допинг тестови, а казната му истече во март годинава.

— реклама —

И покрај тоа, Мекгрегор и понатаму важи за една од најголемите ѕвезди во историјата на ММА. Тој беше првиот борец во UFC кој истовремено држеше титули во две различни категории, а остана запаметен и по спектакуларниот нокаут на Жозе Алдо за само 13 секунди.

— реклама —

Интересно е што Ирецот во последните десет години има само една UFC победа – против Доналд Сероне во 2020 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања