„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Константин Георгиески е прв градоначалник до сега кој се осмели да урни дивоградба !

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
IMG_20190926_113035-e1569499820264

По 30тина години, во кои сите негови претходници мудро одбегнаа да допрат во најголемиот проблем, младиот Константин Георгиевски е првиот градоначалник на Охрид кој се зафати со најголемиот проблем на градот - ДИВОГРАДБИТЕ.

— реклама —

Ако општината постапувала така како што постапивме ние на секоја активност на дива градба да се пристапи кон отстранување по основ на решение, ќе немавме проблем со бесправно изградени објекти. Градоначалникот Константин Георгиески рушењето на дивоградбата на улицата „Марко Нестороски“ рече дека е процедура која години наназад заостанувала во општината, да се санкционираат такви девијантни појави на бесправна градба. Тој потенцира дека додека е градоначалник ќе биде востановена праксата секоја нова дива градба да заврши како таа куќа. Сопствениците сега добиле 20 дена сами да ја отстранат дивоградбата, во спротивно повторно ќе постапат општинските служби.

— реклама —

Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески денес на барање на новинарите даде изјава во врска со акцијата за остранување на дивоизградени објекти на подрачјето на општината, во согласност со законските процедури и Акцискиот план за постапување по препораките од последната сесија на Комитетот за заштита на светското културно и природно наследство на УНЕСКО.

— реклама —

-Отстранувањето на бесправно изградените објекти е процедура која во рамки на општина Охрид била изоставувана години наназад и соодветно не се санкционирале бесправните градби. Тоа е причината поради која во Охрид имаме толку бесправни градби. За секоја активна дива градба треба да се пристапи за отстранување по однос на решението. Тоа отсега ќе биде вообичаена пракса и за секоја дива градба ќе се постапува соодветно.

Постапувањето со бесправно изградените објекти не се само активностите на терен. За да дојдеме до работа на терен, потребни ни се исцрпувања на сите правни процедури. Можеме да постапуваме само кај тие објекти кои се со правосилни заклучоци за отстранување. Има објекти кои се со решенија за отстранување, кои се обжалени на суд, а дел од нив се со поднесени барања за легализација. Значи за сите тие објeкти кои се под одредена друга постапка не можеме да постапуваме.

Секојдневно се доставуваат известувања за извршување по однос на решенијата за отстранување. Дел од сопствениците на бесправно изградени објекти кои добија известувања дојдоа во општината и изразија волја и желба сами да ги остранат објектите. Доколку не постапат во одредениот рок, ќе постапи општината.

Јавноста треба да разбере дека ова е проблем кој е напластуван години наназад. Последен пат отстранување на дивоизградени објекти имаше во 2003-2004 година. Оттогаш до денес, во Охрид не е срушено ниту едно столпче. Ние не можеме да го разрешиме овој проблем во три дена, ова е битка која ќе трае неколку години.

Имаме поддршка и координација со централната власт во однос на овие активности. Ценам дека работите се значајно поместени од мртва точка и дека треба сфаќањата целокупно да се променат. Конечно овде мора да почне да се почитува правото и законот, истакна градоначалникот Георгиески.

Тој најави дека на 30-ти септември 2019 година ќе биде дел од државната делегација која ќе патува во Париз, Франција, во седиштето на УНЕСКО, каде што ќе се презентира првиот извештај за напредок по однос на препораките од последната сесија на Коминтетот на светско и природно наследство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања