Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Конституиран новиот ЛЕСС на општина Битола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
3-8

Во Општина Битола се одржа првата конститутивна седница на Локалниот Економско Социјален Совет на Општина Битола. По запознавањето со значењето и улогата на ЛЕСС Битола,сите 22 присутни претставници едногласно го прифатија предлогот за претседавач да биде избрана градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска. За заменик претседавач е избран Ратко Христов, директор на Сокотаб, а за секретар претставничката од општинската администрација во ЛЕСС –м-р Виолета Налевска.

— реклама —

Претставниците на ЛЕСС битола го усвоија деловникот за работа на ЛЕСС Битола, по што се разгледуваа планирањата на идни активности во рамките на проектот на Меѓународната организација за труд.

— реклама —

Градоначалничката Петровска побара анализа на досегашното функционирање на ЛЕСС-те кои се 15 во РСМ со цел да се направи споредба и да се искористат позитивните искуства од работата на овие економско-социјални совети.

На оваа седница, Мери Нашоку од МКЦ Битола ги прзентираше целите и активностите на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог во заедницата“ поддржан од Меѓународниот центар Улоф Палме од Шведска кој што има за цел да ги поддржи локалните актери во процесот на зајакнување и развој на ЛЕСС на Општина Битола. Во рамките на проектот, во текот на 2019 година ќе се реализира Форум на зедницата со цел да се генерираат идеи и приоритети за работа ЛЕСС Битола со сите зинтересирани страни на локално ниво.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања