Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Конститутивна седница на Комисијата за одликувања и признанија на Претседателот на Република Северна Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија денеска се одржа конститутивна седница на Комисијата за одликувања и признанија, работно тело на Претседателот на Република Северна Македонија, на која присуствуваше претседателот Стево Пендаровски.

— реклама —

За претседател на Комисијата за одликувања и признанија е именуван Марјан Ѓуровски, а за нејзини членови именувани се академик Луан Старова, Дарко Панчев, Сабина Ајрула, Билјана Пеева-Ѓуриќ, Весна Ѓиновска Илкова и Мирослав Стојановски.

— реклама —

— реклама —

Претседателот Пендаровски на членовите на комисијата им посака успешна работа. Посочи дека при носењето на одлуката за составот на комисијата се водел од потребата во неа да членуваат поединци кои низ животниот пат оставиле своја трага. Членовите на комисијата се заблагодарија за честа да бидат дел од работното тело на Претседателот и изразија очекување за конструктивна работа на комисијата, со цел давање на предлози за доделување на одликувања и признанија на поединци и организации кои дале придонес за Република Северна Македонија.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања