Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Контраверзниот избор на судија во Апелација остави дамка на Судски совет, судијката Ристова: Им преовладало субјективно размислување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
olja

Субјективитетот пред критериумите преовладал во Судски совет при изборот на судии во Апелација. Ова го смета судијката Оља Ристова, која доби гласови од Судскиот совет да биде второстепен судија, но не и од бадентеровото мнозинство кое даде поддршка на послабо рангиран кандидат. Според неа, употребени се истите критериуми, но за другиот кандидат биле ценети како клучни за изборот, а кај нејзе – не.

„Од одлуката на Судскиот совет, проценувам дека е искористено нивното дискреционо право и арбитрарност при одлучувањето. Тоа значи дека покрај квалитативните и квантитативните критериуми, предвидени во самата методологија и кои ги дале резултатите од конечната ранг листа, Судскиот совет при одлучувањето, кај членовите преовладало нивното субјективно размислување, на поединци и на тој начин го извршиле изборот“, посочува Ристова.

— реклама —

Таа правдата ја бара во Врховниот суд. Според неа, Судскиот совет нема соодветно образложение за одлуката која ја донел.

— реклама —

„Мислам дека тоа е така, бидејќи ако ја погледнете снимката и ги анализирате размислувањата на секој кандидат посебно, вие ќе видите дека кај кандидатот кој е избран, за кој немам ништо против, се употребени критериуми кои еднакво и јас ги имам. Кажано е дека е истакнат судија, со интегритет, многу професионален, па и предавал на школа за новинарите. Знаете и вие дека јас учествував на таа школа. Тоа е само еден дел кој би го кажала, каде субјективно се удвојувале делови од пријавите, за да едни бидат избрани, за штета на другите кандидати. Кога се гласаше за мене, немаше коментар од ниту еден од членовите на Судски совет, и покрај моите бројни активности, квалитетот и квантитетот кој го споменав и други активности надвор од судот каде сум активна“, додаде Ристова.

— реклама —

За постапката на избор на судии во скопска Апелација вчера реагираа и од Коалицијата „Сите за правично судење“. Тие, како и Ристова, велат дека Судскиот совет направил отстапувања од ранг-листата на кандидатите без соодветно образложение за секоја отстапка, односно засебно за секој кандидат.

IMG_0341

Судијката Оља Ристова, правдата за неизборот во Апелација ја бара во Врховниот суд

Судијката Оља Ристова, правдата за неизборот во Апелација ја бара во Врховниот суд. Иако прворангирана од Основниот кривичен суд, како суд со најголем обем на сложени предмети, но и добиени мнозинство гласови од Судскиот совет, не ја доби поддршката од бадентеровото мнозинство. Според нејзиниот адвокат, Владимир Туфегџиќ, жалбата која сега ја поднеле, ќе помогне и на сите идни кандидати. Смета дека одлуката на бадентеровото мнозинство, да не гласаат за Ристова, а да гласаат за полошо рангирани кандидати, треба да се образложи детално.„Според мене, ова е жалба во која се бранат основни елементарни принципи, се брани достинството на судиската професија и функција. Со оваа жалба се брани принципот на еднаквост и рамноправност, не само на жалителот, туку на сите сегашни и идни кандидати за избор на судии. Едноставно, само тоа е начинот да се воспостави еден праведен ред и од таа причина сметам дека жалбениот совет на Врховниот суд има во основа улога, со својата одлука по оваа жалба да воспостави унифициран став, правила за идно постапување на членовите на Судскиот совет, за да во иднина нема ситуација да имаме било каков сомнеж за евентуални политички или бизнис влијанија и евентуална злоупотреба на механизмот на бадентеровото мнозинство“, кажа Туфегџиќ.Тој смета дека Врховниот суд ќе мора да заземе став по однос на составот на бадентеровото мнозинство, бидејќи според Туфегџиќ, не е во духот со Уставот кој кажува дека бројот на тие членови е четири, а не пет.„Како адвокат и човек припаѓам на помалата етничка заедница, смтам дека бадентеровото мнозинство не може на ваков начин без образложение да нанесува штета на кандидат од мнозинската заедница. Се стекнува впечаток и се извлекува логичен заклучок според начинот на гласање дека целта е елиминација, а не заштита на... Овој кандидат го доби потребното мнозинство на гласови од сите членови на Судскиот човек. Останаа должни членовите на бадентеровото мнозинство, што е тоа што кај нив превагнало да не укажат доверба на овој кандидат, а укажале доверба на кандидатите кои се далеку подолу рангирани и со помали бодови. На тоа се должни да одговорат“, додаде Туфегџиќ.За постапката на избор на судии во скопска Апелација вчера реагираа и од Коалицијата „Сите за правично судење“. Тие, како и Ристова, велат дека Судскиот совет направил отстапувања од ранг-листата на кандидатите без соодветно образложение за секоја отстапка, односно засебно за секој кандидат.

Македонија | пред 2 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања