На 02.03.2022 во периодот од 22 до 22.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола во угостителски објект на улица Димо Гавровски-Кара во Тетово. При контролата биле откриени и санкционирани две лица кои не поседувале сертификат за вакцинација и на нив ќе им бидат изготвени поднесоци, како и на сопственикот на објектот Ш.Б.(28) од тетовско Вешала за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, казниво по член 206 од Кривичниот законик.
Контрола во Тетово, фатени лица без сертификат
Автор:
Скопје1.мк
објавено пред 4 години -
Македонија