Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Контрола во угостителски објект во тетовско, приведени сопственикот и 18 странски државјанки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
lisici

Ноќва  во 01.05 часот од страна на полициски службеници од Полициска станица Тетово извршена е контрола во угостителски објект, во сопственост на А.М.(38) од Тетово, на локалниот пат за с.Сараќино, по пријава дека работел спротивно од Одлуката донесена од страна на Владата на РСМ. При контролата било констатирано дека објектот е отворен и во него биле затекнати 7 гости, тројца вработени и 20 женски лица, од кои 18 странски државјанки од Русија, Србија, Украина и Албанија, кои го злоупотребиле туристичкиот престој, согласно чл.418/а од Кривичниот законик.

— реклама —

Странските државјанки се приведени во полициска станица за понатамошна постапка, а сопственикот А.М. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. При контролата е приведен и Б.Х.(25) од Скопје, кој издржува казна затвор во времетраење од 8 години и 6 месеци, а не се придржувал спрема решението за одмор во кругот на семејството издадено од затворот. Тој ќе биде спроведен во Казнено-поправна установа Затвор Идризово.

фото: Архива

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања