Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Контроверзен видеоспот на ВМРО-ДПМНЕ: Не делат со наши пари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Ширењето негативни информации за да се наруши јавната слика за политичкиот противник, според експертската јавност, може да претставува мултивитаминска инјекција само за слепите поддржувачи, но ги одбива неутралните гласачи. Таков ефект, според познавачите, предизвикува и последниот видеоспот „Бутик“ на ВМРО-ДПМНЕ, со исклучително некреативно сценарио во кој се повикуваат граѓаните да го дадат својот глас за Гордана Силјановска-Давкова, пишува Независен.

— реклама —

Дејствието се одвива во бутик каде што двајца продавачи – момче со очила кое би требало да го претставува претседателскиот кандидат на владејачката коалиција Стево Пендаровски и помлада девојка, која треба да ја претставува кандидатката на опозицијата Гордана Силјановска-Давкова – се обидуваат да му ја продадат секој својата маичка на купувач. Забележливо е дека момчето зборува жаргонски, во неколку наврати ги поместува очилата кон лицето и подшмркнува, а девојката говори литературно без „наркотикови“.

Продавачот вели: „Маичка…, абе шо има врска дека не е ова оригинал, ова е ново, ново… одиме напред… знаеш, напред“. Таа, пак, убедува: „Оваа маичка има традиција, историјата на квалитет и за мене е најдобра“.

— реклама —

Потоа тој ќе рече: „Мајка ти, татко ти, баба ти, дедо ти… носеле што носеле, знаеш сега е ново…од горе“. Девојката, пак, тврди дека нејзината маичка е резултат на труд на многу генерации, цел свет нè знае под овој бренд, милиони раце ја ткаеле.

„На одмор у Грчка со оваа маичка гратис љежалка. Еј, бери памет, знаеш, Зоки и Нике ја шиеја, Рада и Оли ја пеглаа“, возвраќа продавачот. „За пусти пари…“, ќе поентира продавачката со одломка од вокабуларот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

На крајот тој се заканува „ако не купиш знаеш…, службени белешки, служби, ќе свириш клавир, стока“, а таа порачува „ќе направиш правилен избор, убаво ќе ти стои и ќе ја носиш со чест“.

https://www.facebook.com/vmromakedonija/videos/1506661592799303/

 

Целиот текст можете да го прочитате тука.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања