Американскиот претседател Доналд Трамп западна во сериозни проблеми поради објавувањето снимки и транскрипти од неговата комуникација со украинскиот претседател Зеленски. Белата куќа потврди клучен детаљ од жалбата на свиркачот од разузнавачката служба, во која се тврди дека претседателот Доналд Трамп ја злоупотребил моќта на својата функција. Висок официјален претставник на администрацијата призна дека нередактираниот запис од телефонскиот разговор на Трамп на 25 јули со украинскиот претседател Володимир Зеленски по наредба на адвокатите бил преместен во систем за доверливи податоци, кој го одржува Советот за национална безбедност.
Инаку свиркачот чија жалба доведе до истрага за импичмент на претседателот на САД Доналд Трамп е службеник на ЦИА објави Њујорк Тајмс. Неговиот идентитет се држи во тајност. Според весникот тој претходно работел во Белата куќа. Во жалбата упатена до Конгресот, свиракочот го обвинува Трамп за злоупотреба на власта со цел политичка корист.
Обвинувањето го темели на основа на телефонскиот разговор кој Трамп го водел со лидерот на Украина Зеленски на 25 јули а инфромацијата ја добил преку неговиот колега соопшти комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом на конгресот.