Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Контроверзниот Нефи Усеини доби дел од милионскиот тендер за државните патишта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
nefi-useini-660x330-1

Фирма поврзана со бизнисменот од Охрид, Нефи Усеини, доби дел од јавната набавка за зимско одржување на државните патишта, вредна околу 3 милиони евра, објавена од Македонија пат.

Според информациите објавени од „Фактор“, фирмата на Усеини ќе инкасира околу 70.000 евра, како дел од групата компании ангажирани за чистење и одржување на магистралните и регионалните патишта во сезоната 2025/2026 година.

— реклама —

Покрај фирмата поврзана со Усеини, меѓу добитниците на договорите е и „Диктор ЦД“, во сопственост на Зоран Иванов, син на поранешната генерален секретар на Собранието, Цветанка Иванова. Оваа компанија добива над 642.000 евра.

— реклама —

Фирмата „ЈА-МИ“, сопственост на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, ќе добие околу 580.500 евра за зимско одржување на дел од патната мрежа. Со договор вреден речиси 639.000 евра, во тендерот учествува и „Ган-Логистик“, во сопственост на Бурим и Насер Ибиши и Кренар Ибраими.

Тетовската „Инфраструктура“, сопственост на Абдурахим Алија, добива околу 544.700 евра, додека „Јан Констракшн“, чија сопственичка структура ја сочинуваат Доста Стојаноска и Наташа Јанкулоска, ќе инкасира над 390.000 евра. Дел од тендерот ѝ припадна и на битолската „Зимак“, во сопственост на Роберт Рајкоски, со договор од околу 71.500 евра.

— реклама —

Јавното претпријатие ги склучило договорите по моделот „ангажирање трети лица“, со образложение дека самостојно нема доволно капацитет за справување со зимските услови и обилните снежни врнежи. Во условите на тендерот е наведено дека камионите за чистење снег мора да имаат вграден ГПС-систем, а возачите се обврзани самите да се снабдуваат со храна, но при излегување на терен да имаат обезбедени оброци за цел ден.

— реклама —

Нефи Усеини е поранешен советник во Општина Охрид, избран од редовите на ДУИ, и во јавноста е познат по низа контроверзии. Против него постојат обвиненија за бесправно градење во Охрид, за што е поднесено обвинение од надлежното обвинителство.

Дополнително, Усеини беше предмет на судска постапка и поради физички напад врз општински советник, при што му беше определен притвор, а подоцна беше пуштен да се брани од слобода со прифатена гаранција, односно хипотека на имот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

nefi-useini-660x330-1

(ВИДЕО) „Ај *би си мајката, пи*ка ти матер и на тебе и на се“, Усеини упати тешки зборови кон новинар

Македонија | пред 3 години

— реклама —
nefi-useini-660x330-1

Нефи го натепал Топаловски но е ослободен од обвинение, државата ќе му плати над пола милион денари за адвокати

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

„Да го пратевте Нефи да преговара, ќе ги нашлакаше сите. Вие го одбравте Бујар...“, „Спроведува ред и дисциплина во Охрид, како суперхерој“, реакции по тепачката на светоникот

Коментари | пред 4 години

nefi-useini-660x330-1

По четврти пат Нефи Усеини натепа сограѓанин со боксови

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања