Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Координативното тело на администрацијата во ЈЗУ се пожалија во ВМРО ДПМНЕ дека се изманипулирани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Komisija

Претседателот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, доктор Синиша Стојаноски, членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, доктор Игор Николов денеска се сретнаа со претставници на Координативното тело на администрацијата и помошно - технички лица во јавните здравствени установи, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Тема на средбата беше фактот што министерот за здравство Венко Филипче ја манипулира администрацијата во здравството во делот на покачување на платите.

— реклама —

Од Координативното тело ги информираа претставниците на ВМРО-ДПМНЕ дека е потпишан Анекс на Колетивниот договор со кој помошно – техничкиот пероснал во секторот здравство е изманипулиран и покрај ветувањата што им се дадени.

Претставниците на Координативното тело соопштија дека има барање за именување на администрацијата во здравството како „здравствена администрација“, составен дел од здравствените систем. Со ова, како што посочија претставниците на Координативното тело, ќе се направи усогласување со стандардите во државите членки на Европската унија.

— реклама —

Од Координативното тело на средбата информираа и дека ќе продолжат со борбата да ги остварат своите права запознавајќи ги со своите барања сите релевантни субјекти.

Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ на средбата изразија разбирање за потребите што ги претставија претставниците на Координативното тело на администрацијата и помошно - технички лица во јавните здравствени установи, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

фото: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања