Промени тема
Контакт

„Координаторот на криминалот се обиде да манипулира за да го одбрани тешкото прекршување што синоќа го направи, вели Алијанса за Албанците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
alijansa-za-albancite

Координаторот на срамот, криминалот и корупцијата денеска се обиде да манипулира со јавноста и да го одбрани тешкото прекршување што синоќа го направи над Уставот и демократијата, вели Алијанса за Албанците.

— реклама —

„Тој рече дека власта ја спроведува реформската агенда, додека синоќа со насилство и вандализам во комисијата прошверцува закон со кој се продолжува мандатот на судиите и обвинителите кои треба да се пензионираат и кои целата јавност се сеќава како се именувани со пазарењата помеѓу Блерим Беџети, Гордана Јанкуловска и Сашо Мијалков, а подоцна и со Зоран Заев и Боки 13.

— реклама —

ДУИ го штити партизираното судство и обвинителство бидејќи само во ваква форма можат да се заштитат од 20 години криминал и корупција.

— реклама —

Спомна и странски агенди алудирајќи на руските, па затоа сакаме да го потсетиме дека руската агенда е парцелата за Дака Давидовиќ, антизападните амбасадори и тајните средби на Али Ахмети со рускиот и српскиот амбасадор што и самиот негов претседател ги потврди.

— реклама —

По насилството кое Талат Џафери го манифестираше врз вработените во Собранието, неговата диктатура врз албанските опозициски пратеници, синоќешниот чин во Комисијата за европски прашања, е само потврда дека ДУИ нема никаква врска со Европа, реформи или демократија. Овој клан е клан на насилство, ароганција, диктатура и вандализам, кој мора итно да се отстрани од институциите и од власта“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања