Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Кореец бесен поради името кое му го напишале на сметката: „Ова е навреда“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
61928957_10114704863991504_6405521234641027072_n

Кореецот Тони Чои тврди дека додека нарачувал храна во „Smoothie King“ – ресторан во Северна Королина, доживеал расистички инцидент, откако вработен на сметката го именувал како Џеки Чен, само затоа што е Азиец.

Наместо да го праша како се вика и што ќе нарача, вработениот го напишал името на популарниот кинески актер и ја испечатил сметката.

— реклама —

Тони целата приказна ја споделил на Фејсбук и ги замолил своите Фејсбук пријатели да ја споделат објавата, за да дознаат што е можно повеќе луѓе.

„Бев во ‘Smoothie King’ со децата. Наместо да ме праша како се вика, Зак Х. мислеше дека е смешно ако напише дека моето име е ‘Џеки Чен“. За мене како Кореец ова е навреда. Покрај тоа, три други вработени кои во моментот беа со него, не можеа да престанат да се смеат на сето ова. И овде и таму наидувам на расизам и не ми пречи толку... Бесно го напиштив ресторанот, обидувајќи се да спречам моите деца да сфатат што точно се случува“, напишал Чои покрај фотографијата од сметката, на која наместо неговото име го пишува името на познатиот актер.

— реклама —

Ова не е прв расистички случај во споменатиот ресторан. Само еден ден пред непријатното искуство на Тони, на една жена на сметката наместо нејзиното име ѝ напишале „nigger“, пренесува „South China Morning Post“.

извор tocka.mk

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања