Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Корегирано: Тортевски, а не Јонуз ќе биде кандидат за градоначалник на „Твоја“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

tortevski

Адвокатот Александар Тортевски ќе биде кандидат на „Твоја партија“ за градоначалник на Скопје, а не Агим Јонуз. Веста дека Јонуз ќе биде кандидат е превид, кој е корегиран, иако и тој ќе биде дел од локалните избори. Како што беше објавено, Јонуз ќе биде носител на советничката листа на партијата.

Тортевски, откако објави дека ќе биде дел од трката за градоначалник, рече дека мотото на неговата кампања со која ќе се претстави пред Скопјани ќе биде „Избори се сам, избори се за твојот град“.

— реклама —

Од „Твоја партија“ побараа корекција на грешната вест и истата беше направена веднаш по нивната реакција, за што поседуваме и писмена комуникација. Иако навидум се беше во ред и се надмина недоразбирањето, оттаму, бараа и нова вест, бидејќи сметаа дека се минимизира кандидатурата на Тортевски, поради што го објавуваме овој напис.

— реклама —

„За жал само корекција на текстот не е доволна. Дезинформацијата од кај вас веќе беше превземена од многу други медиуми. Веста е во оптек веќе 24 часа и со неа се минимизира кандидатурата на Тортевски, а воедно се доведуваат граѓаните во заблуда, што дефинитивно е на штета на Твоја партија . Затоа , Ве замолуваме да објавите посебна вест со извинување и кон кадидатите и кон партијата, а со цел расчистување на дезинформацијата која ја пласиравте во етерот“, рекоа од „Твоја партија“.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања