„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Корисниците на „Џимејл“ се советуваат да исклучат една автоматска поставка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Магазин
gmail

Корисниците на „Џимејл“ се предупредени да ги проверат своите поставки за приватност доколку се загрижени за тоа како „Гугл“ ги користи нивните податоци. На социјалните мрежи се прошири предупредување дека технолошката компанија наводно автоматски ги користи приватните електронски пораки за обука на своите модели за вештачка интелигенција, што предизвика загриженост кај дел од јавноста, пренесува „Унилад“.

— реклама —

Сето тоа почнало со објава на блогерот и инженер Дејв Џонс, кој уште во ноември минатата година на платформата X им се обрати на корисниците со порака: „ВАЖНО за сите што користат Gmail. Автоматски ви е ВКЛУЧЕНО одобрувањето Gmail да има пристап до сите ваши приватни пораки и прилози за обука на AI модели. Мора рачно да ги исклучите Паметните функции во Поставки, и тоа на ДВЕ места.“

— реклама —

Во објавата се прикажани и екрани од менито со поставки, каде што покрај опцијата „паметни функции“ стои објаснување дека со вклучување на оваа поставка се дозволува Gmail, Chat и Meet да го користат вашиот содржај и активностите во овие услуги за да обезбедат персонализирани функции. Според „Хафпост“, активирањето на овие, по правило автоматски вклучени опции, значи и можност „Гугл“ да ги користи вашите податоци за „обука на AI модели“.

— реклама —

„Гугл“: Тврдењата се погрешни

Од „Гугл“ ги отфрлија ваквите тврдења и за „Хафпост“ порачаа дека ваквите интерпретации се „погрешни и доведуваат во заблуда“. Портпаролот додаде: „Паметните функции на Gmail постојат со години и ние не го користиме вашиот Gmail-содржај за обука на нашиот Gemini AI-модел.“ Дополнително нагласи дека компанијата секогаш јасно и транспарентно ги информира корисниците доколку дојде до промени во условите за користење или правилата.

И покрај демантот, голем број корисници од претпазливост сепак сакаат да ја исклучат оваа опција.

Како да ги исклучите „паметните функции“?

Доколку сакате да ги исклучите, постапката треба да се направи на две места во поставките. На компјутер, отворете го менито со поставки преку иконата со запчаник во горниот агол и во делот „Општо“ пронајдете ја и исклучете ја опцијата „паметни функции“.

Потоа кликнете на „Управување со поставките за паметни функции на Workspace“. Ќе се отвори нов прозорец, каде што можете да ги деактивирате овие функции и за Google Workspace и за други услуги на „Гугл“. Постапката е речиси идентична и на мобилен уред: во поставките одберете „приватност на податоци“ и таму исклучете ги овие опции.

Што губите ако ги исклучите?

Важно е да се има предвид дека со исклучување на овие поставки се оневозможуваат и одредени корисни функционалности. Ќе биде исклучена опцијата „Прашајте го Gemini“ која нуди кратки прегледи на содржината, како и персонализирано пребарување и автоматско додавање на настани од електронската пошта во календарот.

Ќе останете и без функции како прикажување резервации за ресторани на Мапи, предлог-картички за лојалност и билети во Wallet, како и паметни одговори преку Google Assistant и апликацијата Gemini. Дури и некои основни алатки – како автоматско сортирање на поштата во категории („промоции“, „социјални мрежи“), проверка и корекција на правопис и граматика – се поврзани со овие поставки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања