Користете ги алтернативните рути за влез во Скопје додека се реконструира бул. Александар Македонски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје

Во тек е голема градежна офанзива за изградба и реконструкција на градските улици, па поради тоа Град Скопје ги известува граѓаните да ги користат алтернативните приоди и сообраќајници за влез во градот, пред се поради големата реконструкција на бул. Александар Македонски во општина Гази Баба. Граѓаните можат во Скопје да пристапат преку скопската обиколница, на исклучувањето кај населба Радишани, преку новиот булевар Христијан Тодоровски Карпош кон општина Чаир како и на исклучувањата кај населба Визбегово кон Момин Поток и населба Волково кон општина Ѓорче Петров.

— реклама —

Реконструкцијата на бул. Александар Македонски е на потегот од крстосницата со улица 16-та Македонска бригада до пешачкиот мост пред клучката кај Хиподром, која го поврзува овој булевар со автопатот. Реконструкцијата се реализира фазно, а на терен истовремено се работат 3 од вкупно 4 фази на реконструкцијата. Булеварот ќе се реконструира во должина од 5.300 метри, што претставува најдолга делница на која Град Скопје работи во моментов.

Град Скопје уште еднаш апелира до граѓаните да бидат трпеливи и да ги почитуваат новонастанатите услови на патот како и посебните сообраќајни режими со кои се регулира сообраќајот за време на реконструкцијата на булеварот каде ќе се работи деноноќно.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања