Коронавирусот се шири низ училиштата. За една недела, има зголемен број на случаи. Постојат и образовни установи каде и по цели класови се во изолација. Но, петседателот на Комсијата за заразни болести, Александар Петличковски, не е загрижен.
„Анализирајќи ја состојбата според индикаторите, како број на нови позитивни новооткриени случаи, процент на позитивни тестови од сите направени, како и број на вкупни случаи активни во државата, се забележува намалување, што значи и подобрување на епидемиолошката состојба, но тоа не ни дава право да кажеме дека е добра епидемиолошката состојба. За тоа особено не потсетува возрасната група од 6 до 14 години, каде што забележуваме зголемување на бројот на нови случаи. Тоа се школските деца, кои ја тераат наставата во најголем дел со физичко присуство. Во моментот сѐ уште нема простор за загриженост. Се следи состојбата и ние апелираме како Комисија дословно да се следат протоколите за одржување на наставата со физичко присуство“, рече претседателот Петличковски.