Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

„Корумпирани елити“ - партијата на Данела ги обвини пратениците дека испумпуваат пари од Собрание

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
danela-arsovska2

„Собранието на Република Македонија со години корумпираните политички елити го гледаат како бунар без дно од кој испумпуваат пари од буџетот на државата, пари на граѓаните, наместо да биде храм на демократијата“, вели Нова Алтернатива, партија чиј претседател е Данела Арсовска.

Тие додаваат:

— реклама —

„И годинава политичките елити не го поштедија народот од милионски суми за патни трошоци. Само во текот на 2023 година покрај покачените плати и останати приходи за пратениците, буџетот е олеснет од страна на пратениците за неверојатни 19.5 милиони денари.

— реклама —

Поголемиот дел од пратениците кои земале патни трошоци, ретко или никогаш не се појавиле на говорница, не поднеле никакво законско решение или амандман во интерес на македонските граѓани.

— реклама —

Собранието се претвори во циркус кој го плаќаат граѓаните, пратениците наместо да одлучуваат своеволно и во интерес на граѓаните чекаат инструкции од партиските штабови за да кренат рака во храмот на демократијата, а партиските и личните интереси се ставени пред интересите на граѓаните.

Овој начин на делување мора и ќе биде променет, основната идеја на Собранието е преку дебата различни политички чинители да можат да дискутираат за предлог законски решенија кои ги предлагаат во интерес на граѓаните, а не како сега, во пазар каде се договараат за амнестија на криминалот и корупцијата.

Нова Алтернатива уште во првите неколку месеци од влегувањето во парламентот ќе предложи сериозни измени во делот на патните трошоци за пратениците кои ќе бидат услов за формирање на Влада. Буџетот на државата не е бунар без дно и начин пратениците да се збогатат во еден мандат. Нова Алтернатива најавува крај на милионските давачки за граѓаните за патни трошоци и останати злоупотреби на парите на граѓаните за лично богатење“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 7 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 7 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 7 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања