Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Корумпираниот судија од Врховен „ќари“ условен отпуст: наместо за три години, веќе летово ќе си го помине на слобода

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 дена -

Македонија
rgadfgadfa

Апелациониот суд Скопје му одобри условен отпуст на поранешниот врховен судија Наќе Георгиев, осуден за примање мито, и ја преиначи одлуката на Кривичниот суд, со што решението стана правосилно. Наместо да остане во затвор до мај 2027, Георгиев ќе излезе летово и вкупно ќе одлежи околу две години и два месеци. Претходно Кривичниот суд му намали казна за излез во септември, но Апелација дополнително скрати уште два месеци, прифаќајќи аргументи за примерно однесување, возраст и здравје. Тој дел од казната ја издржувал во олеснет режим, со дневно излегување на работа и викенд-отсуства. Георгиев се спогоди со Обвинителството за казна од три години затвор и тригодишна забрана, откако беше фатен со мито од 10.000 евра.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Скратена е казната затвор на поранешниот врховен судија Наќе Георгиев, кој беше осуден за примање мито, откако Апелациониот суд Скопје му го уважил барањето за условен отпуст и ја преиначил одлуката на Кривичниот суд, со што стана и правосилна.

Според потврдената одлука, Георгиев нема да остане во затвор до мај 2027 година, туку ќе излезе веќе летово, што значи дека вкупно ќе одлежи околу две години и два месеци.

— реклама —

Претходно, Кривичниот суд му ја намалил казната за тој да излезе од затвор во септември годинава, но тоа не било доволно за Георгиев, кој поднел жалба до Апелација. Таму, неговите поранешни колеги судии дополнително му ја скратиле казната за уште два месеци.

Во жалбата, Георгиев навел дека се однесувал примерно во затвор, ги почитувал правилата, но и дека има 63 години и нарушена здравствена состојба. Овие аргументи биле прифатени од судот.

— реклама —

Дополнително, дел од казната Георгиев веќе ја издржувал во олеснет режим. Од мај минатата година беше ангажиран како магационер, при што излегуваше од затвор во текот на денот, а се враќал навечер, практично само преспивајќи во ќелија. Истовремено, користел и викенд-отсуства.

Инаку, Георгиев се спогоди со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во предметот за примање мито од синот на поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев. Со спогодбата прифати казна затвор од три години, како и забрана за вршење професија, дејност или должност на службено лице во траење од три години.

Тој беше фатен додека земаше мито од 10.000 евра.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-05-12-at-15.30.17

Осудениот врховен судија Георгиев се вработи како магационер: сега излегува денски, навечер се враќа во затворот

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
nakje-1

Синот на осудениот врховен судија Георгиев ќе одлучува за извршувањето на санкции во Скопје

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-16-at-11.44.22

(Видео) Казната е несоодветна, недоволна, разочарана сум! За судија не постојат олеснителни околности, вели судијката Димовска за трите години затвор на Наќе Георгиев

Македонија | пред 1 година

rgadfgadfa

Корумпираниот судија Наќе Георгиев остана без судиската функција: Ќе ги принудиме ваквите судии, судницата да ја заменат со решетки

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања